еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

До понеделник може да се знае кога ќе се расправа за францускиот предлог во Собрание

На редовната понеделничка координација во Собранието ќе се разговара за тоа кога би можело да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА изјави дека за тоа ќе се разговара на координацијата на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

-В понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но во понеделник треба да почне седницата за ребалансот на Буџетот, вели Џафери.

Појаснува дека пленарната седница со единствена точка на дневниот ред за ребаланс на Буџетот, треба да трае најмногу пет дена и е закажана согласно роковите и оти мора да почне, но доколку има потреба ќе биде прекината и ќе биде закажана нова седница на која на дневен ред би била Информацијата испратена од Владата.

Имајќи предвид дека до Собранието беше испратена само Информација, а не и документите односно францускиот предлог, Џафери вели дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види.

Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европска Унија Владата до Собранието ја испрати вчера.

Согласно процедурите, материјалот е доставен до пратениците, но во него не се содржани францускиот предлог и пропратните документи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајанов: Мора сите да го видиме Протоколот, нецела страница добивме, мислам дека е тоа несериозен и неодговорен пристап

Владата пратила само еден лист хартија до Собранието, без ниту еден документ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот неможел да го најде ни дома, ни во Влада: Верушевски не дојде да сведочи за „Таргет-Тврдина“

Редакција

ЗНМ, ССНМ и СЕММ го осудуваат повикот од Чилиманов за силување на новинарка

Редакција

Починати 17 лица од Ковид-19, најмладиот на 38-годишна возраст

Редакција