Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков во интервју за БТВ, предлогот на француското претседателство со Европската унија го оцени како исклучително добар кој направил бугарските позиции да станат и европски, јави дописникот на МИА од Софија.
Она што сега се случува во С Македонија, вели Петков, е поради тоа што ним им е многу тешко да ги прифатат тие позиции во моментов, но, како што вели, тие тоа треба да го направат ако сакаат да изберат европски пат.
-Во С Македонија треба да сфатат дека ако сакаат да се развиваат, европскиот пат е единствениот пат за таа држава, вели Петков.
Според него, би било ужасно Албанија да го продолжи пристапниот процес за членство во Европската унија, а С Македонија да остане надвор од него.
Тој даде оценка 5,50 (од максимални 6 н.з.) за делувањето на бугарската дипломатија по прашањето за С Македонија. Ја пофали и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска од партијата на Слави Трифунов и неговата надворешно-политичка екипа за работата по ова прашање.
Коментирајќи го неуспехот за формирање нова влада вели дека во Бугарија темата С Македонија се користи како магла за одвлекување внимание. Според Петков, со темата С Македoнија се одвлекувало вниманието додека некој се обидувал да земе определени финансиски средства од Агенцијата за патишта и „Автомагистрали“ и да се потрошат огромни пари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ида Мантон за „францускиот предлог“: Подобрете го договорот за да ја спасите Европа од самата себе
МИА/Фото: Влада