еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Централниот одбор на СДСМ го поддржа стартот на преговори со ЕУ согласно „францускиот предлог“

Централниот одбор на СДСМ синоќа го поддржа процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство.

– Водејќи се од државните и национални интереси, највисоките стратешки цели за членство во ЕУ, како и интересите на сите граѓани, Централниот одбор на СДСМ на седница едногласно донесе Одлука со која го поддржа процесот за отпочнување преговори со ЕУ, се наведува во партиското соопштенија.

Во текстот се посочува дека СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности.

– Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури, посочуваат од најголемата владејачка партија.

Според СДСМ, во преговарачкиот процес, Владата, заедно со сите институции, и понатаму треба доследно да се придржуваат до Резолуцијата за македонските црвени линии усвоена од македонското Собрание.

– Нашата земја е пред многу важна одлука за нејзината иднина и остварување на уште една стратешка цел, отворање на преговорите со Европската унија со зачуван и обезбеден македонски јазик во ЕУ. Toa значи конечно затворање на сите идентитетски прашања.

Имаме предлог кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. Сите политички партии треба да пристапат одговорно, државнички и рационално и заедно да ја донесеме долгоочекуваната државна одлука за продолжување на евроинтегративниот пат на земјата, се додава во соопштението на Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контроверзниот Протокол со Бугарија нема да го видиме додека не се потпише

Од мене и дедо ми и баба ми големо НЕ за „францускиот предлог“

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ел Чека објави нова „бомба“ со Шекеринска и Бесими за гласање во ДИК за локалните избори во 2013 година

Редакција

Пасоши и лични карти со новото уставно име на државата од следната година

Редакција

Ведран е првото бебе во 2019 година

Редакција