еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Чешка подготвена за брз старт на преговорите по одобрување на францускиот предлог, велат од МНР

Поддршката за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграцијата бил изразена денеска во телефонскиот разговор, што министерот за надворешни работи Бујар Османи го остварил со неговиот чешки колега Јан Липавски.

Османи, како што соопшти МНР, го уверил соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Македонија.

Соговорниците размениле мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст.

Липавски ја потенцирал подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина конференција, откако Македонија ќе го одобри „европскиот предлог“.

-Двајцата соговорници ги повторија клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги предвид и нашите интереси во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик, изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и отпочнувањето на пристапните преговори веднаш, велат од МНР во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработена во Армијата барала поткуп од 3.000 евра од кандидат за да биде примен на работа

Редакција

Нов сој на Ковид-19 регистриран во 36 земји низ светот

Редакција

Кој е Македонецот кој им е „прва помош“ на Србите за секоја неволја кога се на одмор на Халкидики

Редакција