еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Џафери до Апасиев: Не ми мафтај со прстот, оти може да ти биде скршен

Кој си ти овде прст да ми покажуваш? Ај зборувај ако зборуваш и не ми мафтај со раката. Не мафтај со прстот оти може тој прст да ти биде скршен. Пробај следен пат и ќе видиш, му рече собранискиот спикер Талат Џафери на пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.

Апасиев претходно му рече на Џафери, „да престане со прст да го кара, бидејќи не му е дојден дома.“

„Вие сте тука прв меѓу еднаквите и како таков не треба да го узурпирате столчето на коешто седите. Ако имате реплика кон некој пратеник, тогаш ќе си земете реплика, ќе си притиснете на копчето и ќе си кажете што мислите,“ рече Апасиев, на кого Џафери му се обрати со зборовите: „Кој си па ти со прст да ми мафташ?“

Во Собранието е во тек 81. седница на која, во тензична атмосфера, се расправа за „францускиот предлог“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јаревски истури црвена течност на собраниската говорница, како симбол на крвта на жртвите на фашизмот и децата од Ваташа

Фото: Собрание/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум Македонци на листата Топ 100 најбогати луѓе во регионот за 2024 година

Редакција

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува пет лица, плата до 87.680 денари

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на струја

Редакција