еМагазин
Image default
Балкан

18 планинари се повредени, од кои двајца потешко од удар на гром на Триглав

Од удар на гром во Мал Триглав вчера биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, кои биле префрлени на лекување во болницата во Љубљана.

Според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор. Според извештаите, гром удрил неколку пати во областа каде што биле планинарите.

Инцидентот се случил кога група од 18 планинари се враќале од Триглав кон Мал Триглав и Кредарица.

Екипата пристигнала во областа Триглав со полициски хеликоптер, додека временските услови се уште биле поволни, а во меѓувреме ситуацијата многу се влошила, по што се започнало со класично спасување.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата на Словенија за „ТВ21“: Не сме го виделе, ниту сме дискутирале за нон-пејпер

Редакција

Лани во Србија издадени 498 работни дозволи на граѓани на Македонија, годинава 179

Редакција

Суд во Загреб пресуди дека хомосексуална двојка може да згрижи дете

Редакција