еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Пациентот со вештачко срце од Аџибадем Систина си замина дома

Пациентот со првото вградено целосно вештачко срце во Македонија си замина дома, по едномесечен постоперативен период во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Четириесет и шестгодишниот пациент од Штип не го криеше задоволството од заминувањето дома, во кругот на семејството. Во Клиничката болници се и повеќе од задоволни од неговата општа здравствена состојба и од брзото закрепнување по една од најтешките и најкомплицирани операции во кардиохирургијата.

Оперативниот зафат на вградување целосно вештачко срце, којашто беше изведена во ноќта помеѓу 11 и 12 јули и траеше повеќе од пет и пол часови, комплетно ја изведе тимот од „Аџибадем Систина“, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ.

Со оваа операција, Македонија влезе на листата од 25 земји во светот каде што се изведува овој исклучително комплициран кардиoхируршки зафат, покрај држави како што се САД, Канада, Франција, Германија, Турција, Велика Британија, Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва ќе биде отворена фотографската изложба „Прага интима“ на Влатко Деков во НЛБ Галерија

Редакција

БРАВО! Урбан Бургер Бар за 3 дена подели 2.000 бесплатни оброци

Редакција

(Фото) Археолошкиот музеј осветлен во розева боја, во знак на поддршка и подигнување на свеста за рак на дојка

Редакција