еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за предлогот за референдумско изјаснување

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе расправа и ќе се произнесе по повеќе точки меѓу кои и за предлогот за референдумско изјаснување и за актуелната политичко-економска состојба во државата, информира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на Општина Аеродром.

– Денеска имаме седница на Извршниот комитет од деветнаесет часот, утре е Централниот комитет. Ќе разговараме за актуелните случувања. Исто така би сакал Извршниот комитет да се произнесе и за палењето на возилото на пратеникот во Прилеп. Прилеп овие денови е како Бејрут во најлошите времиња. Денеска повторно ново возило е запалено, односно во текот на ноќта, изјави Мицкоски.

Во однос на референдумот, рече дека ќе се разговара за тоа кога би го почнале, како би го почнале и на што би се насочиле.

– Да слушнеме што мислат членовите на Извршниот комитет на партијата рече Мицкоски.

Како државотворна политичка партија, рече Мицкоски, треба да излеземе со наша позиција по неколку отворени прашања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекинато реемитувањето на руската телевизија Раша тудеј во Македонија

Редакција

16-годишно девојче од Струмица паднало во провалија, со повреди на главата е пренесено во болница

Редакција

650 илјади евра од продажба на одземен имот префрлени во државниот буџет

Редакција