еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум, од партијата најавуваат широки консултации

Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно и во целост ја прифати инциијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски пред централниот партиски штаб.

Во перидот што следи, како што информира тој, партијата почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел, како што кажа, е „народно спротивставување на идентитетско обезличување“.

Сајкоски посочи дека најпрво ќе направат широка консултација со општестевните чинители, па потоа ќе го водат процесот.

– На површина излегоа сите лаги на Владата. Ветија и излажаа дека преговорите започнуваат веднаш, а преговорите започнаа само за Албанија, рече Сајкоски, додавајќи дека се уште останува ветувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се против уставни промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографирањето заврши, Македонија вистински преговори ќе почне кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли попис во април: Опозицијата бара пролонгирање за еден месец

Редакција

Отец Пимен не му остана должен на Каракачанов: Брзал да ни го честита националниот ден на измислувањето

Редакција

Референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е нерелевантен, вели Ковачевски

Редакција