еМагазин
Image default
Бизнис

М-НАВ објави оглас за прием на осум кандидати за стекнување дозвола за контролор на летање

М-НАВ објави оглас за прием на 8 кандидати за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на определено време.

Во делот на општите услови е наведено дека кандидатите треба да се државјани на Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да имааат над 18 години, а да немаат наполнето 27 години, да имаат завршено најмалку IV степен на стручна подготовка (завршен со одличен или многу добар успех и примерно однесување), да имаат општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Во делот на посебните услови пак се бара да имаат познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 (В2), да немаат започнато слична обука во друга организација за контрола на летање, да немаат неуспешна обука на друго место за контрола на летање, успешно да го положат FEAST тестот во согласност со Еуроконтрол стандардите, (повеќе информации може да се најдат на веб страната www.feast.info), да имаат валидно лекарско уверение за здравствена способност класа III во согласност со ЕУ регулативата 2015/340 (Уредбата за посебните услови, начин и постапка на утврдување на здравствената способност на персоналот во воздухопловството и другиот стручен персонал).

Повеќе за огласот ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари

Редакција

Уставниот суд ја замрзна Уредбата за даночната постапка: УЈП ќе треба да објави листа на должници

Редакција

Војдан Јорданов избран за нов член на Одборот на директори на „Триглав Осигурување“

Редакција