еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД ни дадоа нови 4,3 милиони долари за владеење на правото

Во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, американската Администрација донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за зајакнување на владеење на правото во земјава, за што се издвоени дополнителни средства во износ од 4,318 милиони американски долари, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Со отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу С Македонија – САД, се посочува во соопштението, пријателските односи меѓу двете земји се подигнати на ново, повисоко ниво во име на продлабочување на стратешкото партнерство.

Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и делегацијата, предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, Карен Донфрид, од американска страна.

– Стратешкиот дијалог претставува форум кој обезбедува врамување на билатералните односи и соработката во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други теми од заемен интерес, се наведува во соопштението од МНР.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Граѓаните во двете земји треба да знаат за што се разговара, финалното решение да се дебатира и во Собранието

Редакција

Грозоморен случај во Прилеп: Ја убил љубовницата пред нејзиниот син

Редакција

Кој ќе присуствува, а кој не: Денеска лидерска средба во Собрание

Редакција