еМагазин
Image default
Македонија

Шпанскиот премиер Санчез доаѓа во Македонија

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон в недела доаѓа во еднодневна официјална посета на Македонија.

Се очекува тој во Скопје да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски.

Посетата на Македонија е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

Кабинетот на шпанскиот премиер соопшти дека Санчез ќе ги охрабри сите балкански земји да ги спроведат неопходните реформи што ќе им овозможи да го забрзаат приклучувањето во ЕУ и ќе им пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време на шпанското претседателство со Унијата во втората половина на 2023 година.

Санчез има намера да ја покаже и важноста што Шпанија ја придава на билатералните политички, економски и културни односи со државите од Западен Балкан, како и поддршка за напорите што ги преземаат да бидат дел од ЕУ.

Поддршка која веќе беше пренесена на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што се одржа минатиот месец во Брисел пред состанокот на Европскиот совет, на кој Санчез се заложи за старт на преговорите со Македонија и Албанија и давање статус кандидат за чченство на Босна и Херцеговина.

Фото: ЕУ Парламент/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пописот завршува денеска: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава и 203.144 од дијаспората

Редакција

САД ја поздрави одлуката за стартот на уставните измени

Редакција

(Фото) Кривичен ја објави повратницата од доставата за спровод на Мијалков од затворот во Струга

Редакција