еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед во првите шест месеци со добивка

Фершпед АД Скопје за периодот јануари – јуни 2022 година оствари оперативна добивка во износ од 43.585 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи за период јануари – јуни 2022 година изнесуваат 2.210.869 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат пораст од 8%.

Оперативните приходи изнесуваат 2.207.574 илјади денари и бележат пораст од 8% во однос на оперативните приходи за истиот период 2021 година.

Финансиките приходи се намалени во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи за период јануари – јуни 2022 година во износ од 2.165.285 илјади денари бележат пораст од 8% во однос на вкупните расходи  за истиот период  2021 година. Оперативните расходи во првото полугодие од 2022 година изнесуваат 2.163.989 илјади денари и истите се зголемени за 8% во однос на првото полугодие од 2021 година.

Финансиските расходи бележат пораст во однос на  истиот период минатата година.

Остварената нето добивка за  периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 39.863 илјади денари„, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед со намалена добивка во првите три месеци

Фершпед лани работел со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на бензините и дизелот се намалува за половина денар

Редакција

Царинската управа вработува 11 државни службеници

Редакција

НЛБ Банка во соработка со Генерали Инвестментс воведува нов производ – продажба на удели од инвестициски фондови

Редакција