еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед лани работел со добивка

Фершпед АД Скопје за периодот јануари-декември 2021 година оствари оперативна добивка во износ од 91.041 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 4.604.265 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2020 година бележат зголемување од 38%.

Оперативните приходи се во износ 4.600.054 илјади денари, учествуваат со 99,9% во вкупните приходи и истите бележат раст од 38%, во споредба со оперативните приходи во 2020 година.

Финансиските приходи бележат значително намалување во однос на истите од претходната година.

Вкупните расходи се во износ од 4.509.995 илјади денари и бележат раст од 38% во однос на вкупните расходи во 2020 година.

Оперативните расходи се во износ 4.509.013 илјади денари и бележат раст од 38% во однос на 2020 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 88,5% имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 3.991.515 илјади денари.

Финансиските расходи бележат значително намалување во однос на истите од претходната година.

Фершпед АД Скопје за периодот јануари-декември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 83.026 илјади денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед со зголемена добивка

Фершпед со добивка во првите шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ ги објаснува новите сметки за струја

Редакција

Генералниот директор на Макошпед, Марија Каранфиловиќ поднесе оставка

Редакција

Извозот зголемен за 33,8, а увозот за 38,5%

Редакција