еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед со добивка во првите шест месеци

Фершпед АД Скопје за периодот јануари – јуни 2021 година оствари оперативна добивка во износ од 42.615 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи за периодот јануари – јуни 2021 година изнесуваат 2.047.930 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2020 година бележат пораст од 46%.

Оперативните приходи изнесуваат 2.044.194 илјади денари и бележат пораст од 46% во однос на оперативните приходи за истиот период 2020 година.

Финансиските приходи се намалени во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи за периодот јануари – јуни 2021 година се во износ од 2.001.922 илјади денари и бележат пораст од 46% во однос на вкупните расходи за истиот период  2020 година.

Оперативните расходи во првото полугодие од 2021 година изнесуваат 2.001.579 илјади денари и истите се зголемени за 46% во однос на првото полугодие од 2020 година.

Финансиските расходи бележат пад во однос на  истиот период  минатата година.

Остварената нето добивка за периодот јануари – јуни 2021 година изнесува 41.476 илјади денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави биле примањата на Одборот на директори на Фершпед лани

Фершпед ќе исплаќа дивиденда од 550 денари бруто по акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на прометот и трансакциите на Македонската берза во јануари

Редакција

Просечната плата во мај 25.270 денари

Редакција

Србија за 7 до 10 дена ќе ја тргне забраната за извоз и ќе ни испорача пченица, пченка, брашно и масло за јадење

Редакција