еМагазин
Image default
Бизнис

Уни Банка со добивка во првите шест месеци

Во првото полугодие од 2021 година, Уни Банка успеа да оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси, информира Банката преку Македонската берза.

“И во овој период Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции.

Повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од здравствено економската криза предизвикана од пандемијата Ковид-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија.

Во такви услови основна цел на Банката беше да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените“, велат од таму.

Остварените вкупни приходи од работење во првото полугодие од  2021 година изнесуваат 826,6 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување од 7,15%, велат од Банката.

“Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 107,7 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 63% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2020 година се намалени за 7,23%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на Банката кон кредитирање на секторот население.

Во вкупните приходи од дејноста на Банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 31%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти.

Остварените расходи во првото полугодие од 2021 година изнесуваат 719 милиони денари и бележат зголемување од 12,4% во однос на истиот период од 2020 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка оствари добивка од 36,6 милиони денари во првите три месеци од годинава

УНИ Банка значително ја зголеми добивката и покрај кризата од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орка Холдинг официјално го презеде Жито Полог

Редакција

Страшо Милковски купи 12.781 акција од „Гранит“

Редакција

Прилепска пиварница откупи сопствени акции

Редакција