еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Третата доза вакцина против Ковид-19 станува реалност

Полека, но сигурно, тоа за што се шпекулираше уште со појавата на првата вакцина против Ковид-19, станува реалност. И Македонија, како и многу други земји низ светот, размислува за препорака за трета доза на вакцина против Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И во Македонија можна препорака за трета доза вакцина против Ковид-19

Здравствените власти посочуваат дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот и многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, а дали вакцината против Ковид-19 ќе стане сезонска, за што исто така долго време се зборува, ќе биде појасно веќе во септември или октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

Израел повторно лидер

Во Израел, земјата која прва во светот достигна највисок степен на вакцинација, веќе се дава трета доза на вакцина.

Оваа земја е меѓу првите земји во светот што почна да дава трета доза на вакцина за лица над 60 години.

Пред неколку дена трета доза вакцина примија и претседател Исак Херцог и неговата сопруга Михал.

Израел ја донесе оваа одлука за да го запре последниот бран на инфекција со делта сојот на коронавирусот и скокот на бројот на заразени и по објавувањето на резултатите од истражувањето кои покажуваат дека ефективноста на вакцините се намалува со текот на времето.

Според израелските медиуми третата доза може да не го спречи растот на бројот на заразени лица, но ќе ги спречи постарите жители да се разболат сериозно.

Повеќе од 57 проценти од 9,3 милионското население на Израел примиле две дози вакцина Фајзер/ Бионтек, а 80 проценти од населението постаро од 40 години е вакцинирано.

Благодарение на вакцинацијата, Израел ја отвори својата економија пред другите земји.

Трета доза и во Србија?

Националниот комитет за имунизација во Србија пред неколку дена препорача примена на трета доза вакцина против коронавирусот, за што Кризниот штаб треба да се изјасни денеска.

Третата доза треба да се даде најмалку шест месеци по втората, се предлага тоа да бидат РНК-вакцините, односно вакцините произведени од „Фајзер“ или „Модерна“, но не се исклучува можноста и за други вакцини.

Како што објаснија тамошните здравствени власти со воведувањето трета доза дополнително се штитат ранливите категории население, чиј имунолошки систем дава послаб одговор на вакцинацијата, здравствените работници кои се во постојан контакт со пациенти, како и сите што сакаат да ја примат.

Според нив третата доза го зајакнува имунитетот и е наменета пред сè за хроничните пациенти кои боледуваат од потешки болести како што се малигните заболувања, лицата со трансплантација на коскена срцевина, лицата постари од 70 години, постарите од 60 години кои се во домовите за стари лица, а ќе биде наменета и за здравствените работници и работниците вработени во социјалната заштита и социјалните институции.

Според српските здравствени власти третата доза го зајакнува имунитетот кај луѓето кои послабо реагирале на двете дози.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.293 случаи на Ковид-19 од 4.094 тестирања, во Скопје 626

Редакција

Хазби Лика доаѓа на работа, не е редовен на седници на Владата

Редакција

Спасовски демантира дека луѓе се наоѓаат без органи и гарантира за безбедноста на граѓаните

Редакција