Доктор Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил предвидува раст на бројот на заразени со Ковид-19 веќе на почетокот од август.
“Мојата скромна агустовска прогноза за Македонија.
По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката.
Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно “ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските.
Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На повидок нов бран на Ковид-19, невакцинираните и тие што не го прележале вирусот на „удар“
Фото: Фејсбук/Беќаровски