еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед со намалена добивка во првите три месеци

Фершпед АД Скопје за период јануари-март 2022 година оствари позитивни финансиски резултати. Оперативната добивка остварена во првото тромесечие од 2022 година изнесува 6.418 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи за период јануари-март 2022 година изнесуваат 1.092.846 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2021 година бележат пораст од 13%.

Оперативните приходи изнесуваат 1.092.732 илјади денари и истите бележат пораст од 13% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2021 година.

Финансиските приходи бележат пад во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи за период јануари-март 2022 година се во износ од 1.087.240 илјади денари и истите имаат пораст за 15% во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.

Оперативните расходи за период јануари-март 2022 година изнесуваат 1.086.314 илјади денари и истите имаат зголемување за 15% во однос на истиот период во 2021 година.

Финансиските расходи бележат пораст во однос на истиот период минатата година.

Нето добивката по оданочување во анализираниот период изнесува 2.899 илјади денари, и истата е намалена во однос на истиот период од 2021 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед лани работел со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За плати и надоместоци на управителот и комплементарите на Оилко лани исплатени 5,2 милиони денари

Редакција

Народна банка: Продолжува годишниот раст на депозитите и кредитите

Редакција

Унијата на млади претприемачи со повик до партиите за поголема поддршка

Редакција