Аутомакедонија АД Скопје во периодот 01.01.2022 – 30.06.2022 година оствари позитивен финансиски резултат, односно нето добивка во износ од 13,5 милиони денари, што претставува 44% зголемување во однос на истиот период 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.
„Зголемувањето на нето добивката во 2022 година, покрај зголемените финансиски приходи од вложувања (12 милиони денари во 2022 во однос на 8 милиони денари во 2021), се должи и на зголемената бруто разлика во цена за 7%.
Билансот на состојба бележи зголемување на оперативните обртни средства во најголем дел во оперативна залиха во однос на зачувување на цените во брзорастечка и непредвидена инфлација на цените како и ризици поврзани со испораки на возила и резервни делови. Соодветната активност доведува до пораст на Капиталот за 4%“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дирекција за заштита и спасување склучи договор со Аутомакедонија вреден 691,4 илјади евра
Групацијата Аутомакедонија одбележува 75-годишен јубилеј