еМагазин
Image default
Убава приказна

Групацијата Аутомакедонија одбележува 75-годишен јубилеј

По 75 години постоење на пазарот, под мотото „Годините не се само бројка“, Групацијата денес се збогува со постоечкиот и го претставува целосно новиот корпоративен идентитет на „Аутомакедонија“, како и на компаниите кои се дел од оваа групација, информираат од таму.

Јубилејното лого и мотото на „Аутомакедонија“ – „Годините не се само бројка“, ги отсликуваат долгогодишната традиција, докажаниот квалитет, како и постојаниот развој по кој сe препознатливи и успешно работат во Македонија веќе 75 години!

Ставајќи акцент на искуството стекнато во своето повеќедецениско постоење, новиот модернизиран корпоративен идентитет беспрекорно одговара на еволуцијата на брендот низ годините, а едноставниот современ дизајн надополнет со колоритни бои, ја претставува „Аутомакедонија“ токму онаква како што е денес.

„Долгогодишната традиција, докажаниот квалитет и постојаниот развој е нешто по што веќе сме препознатливи. Јубилејот за нас како компанија беше повод за нешто ново и сметаме дека беше повеќе од потребно да направиме позитивна промена и чекор напред.

Новиот корпоративен идентитет е уште една нова страница од приказната што трае 75 години и уште похрабро ќе чекориме напред, кон новите предизвици,“ изјави Игор Илиевски, генерален директор на Групација Аутомакедонија.

Билјана Јанчевска, маркетинг-менаџер на Групација Аутомакедонија изјави дека маркетинг тимот на Аутомакедонија имал вистински предизвик пред себе во изминатиот период, да ја претстави еволуцијата на „Аутомакедонија“, од една компанија која ја негува традицијатата, во компанија која обезбедува целосна мобилност, која е динамична, модерна и иновативна.

„Од денес Групацијата Аутомакедонија е со нов модерен изглед со кој храбро ќе движиме напред и ќе продолжиме да испишуваме нови страници успех. Отсега сме со целосно нов изглед и со мисија да обезбедиме извонредни услуги за мобилитет на клиентите, бизнисот и заедницата,“ додаде Јанчевска.

„Аутомакедонија“ бележи најдолго постоење во областа на автоиндустријата во Македонија. Oснована e во далечната 1947 година, со основна дејност – трговија со производи од автоиндустрија. Како компанија која ги следи промените и постојано ги надградува услугите што ги нуди на пазарот, денес во склоп на групацијата се вбројуваат АМ Церт- компанија специјализирана за технички преглед, хомологација, атест, инспекција и едукација, АМ Брокер – осигурителен брокер кој посредува при сите типови на осигурување, СИЦ Битола-сообраќаен испитен центар за добивање возачки дозволи и Ауто 1 Рент – компанија специјализирана за рентакар услуги и оперативен лизинг.

„Аутомакедонија како основоположник на автоиндустријата во Македонија , во својата долга историја била застапник, дилер и сервисер на неколку светски брендови вкучувајќи ги СААБ, Сканиа, Ивеко, Застава, Тојота, Мерцедес, Хјундаи, Фиат, Шкода, Волга и Рено.

Денес „Аутомакедонија“ може да се пофали со долгогодишна, успешна соработка со уште неколку големи имиња од автомобилската индустрија како што се Opel и Ssangyong во делот патничките автомобили и лесни комерцијални возила, а во делот на комерцијалните пикап-возила, камиони и автобуси со брендовите Isuzu и Piaggio Commercial за кои е официјален застапник.

Во своите 75 години постоење, благодарение на многубројните предизвици, активните залагања и посветената работа на десетици генерации вработени, „Аутомакедонија“ стекна завидно искуство и успеа да постигне напредок со кој компанијата прераснa во групација која освен трговија, опфаќа и широк спектар на услуги од автоиндустријата.

Успешната приказна на „Аутомакедонија“ продолжува да се пишува, во ново руво, подготвена за идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извондредна услуга во областа на мобилитетот. Годините не се само бројка – „75 години Аутомакедонија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) ГТЦ со моден спектакл одбележа 45 години градски шмек

Редакција

(Галерија) Најголемата германска компанија во светот ThyssenKrupp слави 10 години на македонскиот пазар

Редакција

Кој е Борче Стаменов, кој е прогласен за Маж на годината за 2021 година според социјалните медиуми

Редакција