еМагазин
Image default
Убава приказна

(Галерија) ГТЦ со моден спектакл одбележа 45 години градски шмек

Градски трговски центар својот 45-годишен јубилеј, го одбележа со моден спектакл од брендовите во трговскиот на кои беа презентирани колекциите есен-зима ‘18/’19.

На настанот присуствуваа еминентни и познати личности, како и потрошувачи, а домаќин беше актерот Сашко Коцев. Гостите ги забавуваа Тринити Стрингс, Диџеј Момикс и Дани со својот бенд.

„Чест ни е и задоволство што одбележуваме 45 години од Градски трговски центар. Генерации се пораснати со нашиот Трговски. Ние, сакаме да биде место за сите оние кои се љубители да шопингуваат и за оние кои сакаат да се релаксираат. Подготвуваме проекти кои ќе дадат дополнителен белег за идните генерации се со цел да се продолжи традицијата на градскиот и урбаниот шмек“, изјави Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ.

Брендовите беа презентирани во неколку сегменти, спектаклот започна со настапот на триото Тринити Стрингс со свеченото излагање на Lamas Couture, кои се претставија со ексклузивна рачно изработена колекција. Потоа следуваше DiViao, бутик за мажи со елегатна колекција, бутик Нана со свечена колекција и Крш продавница за играчки и бебешка опрема.

Кежуал делот запозна со колекцијата есен-зима на Фокабо Фешн, па продолжи со бутик Дона, Атила со колекција за мажи, Луксантика, луксузни брендови на кожни чанти Manual Co, Ivkovich и креации на македонскиот дизајнер Лудус.

За најмалите се презентираа детските модели на продавниците Стружанка и трговската марка Ready за деца, бутикот за деца Марек и се затвори со светскиот урбан бренд Benetton.

Кежуал делот продолжи со Euro Asia – колекција за целото семејство, Arthur’s со колекции на Converse, Dr. Marthins, Vans, Puma & Kappa, Тудорс со кошули и џемпери за мажи, шпанскиот бренд Ада Гати за урбани, мултибренд продавницата City Fashion ги претстави брендовите Pierre Cardin, Joop, Seidensticker, Club Comfort & Betty Barclay, а Bella модерна и деловна, се престави со колекција капути.

Во спортскиот дел се презентираа, Sport Reality со колекција на спортска облека, Sport Vision колекција на спортска опрема и облека,  Runners, Спорт М и Мега Спорт со спортска колекција за есен-зима и продавницата Paco & Co.

Во делот за модни додатоци учество земаа рачно изработенито накит Митас, City Optics и Zeiss очила за диоптрија и за сонце со најнови колекции, Duki Daso колекција на чанти есен-зима.

За обувките се погрижија Peko со колекција за целото семејство, Pellino – урбана колекција на чевли од брендот Shevro, Полини, Biana Shoes, Kegi Shoes со детска колекција есен-зима.

Тринити Стрингс со своите инструменти ги воодушеви гостите кога се презентираше и долната облека на брендовите, Bonatti за колекцијата есен-зима, а ревијата ја затвори Lisca со најновата колекција наслова како Selection. Дефилето за крај беше посветено на ГТЦ на кое излегоа сите модели со песна за Скопје и со поклонување им се заблгодарија на присутните.

Моделите на сцена беа од Македонија и Србија, за шминката се погрижија од Студио Фран, а за фризурите тимот од Ателје Тренов.

„Сите ние сме дел од ГТЦ, го гушкавме и во младоста и сега. Имаме разни спомени во трговскиот“, додаде Сашко Коцев на сцена.

Пријатели на настанот беа винарија Стоби, Пелистерка, Еуроимпекс генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија и Soravia.

Исто така поддршка дадоа и Fashion Group, брендовите за убавина Bilka и Ziaja,  ресторан Дион, ресторан Џино, кафуле Змија, Бакал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Владимир Чадиковски е официјално лице на Volvo за Македонија

Редакција

Младите реализираат идеи со цел ова општество да го направат подобро место за живеење

Силвана Жежова

Центар за странски јазици: 65 години инспирација и мотивација за учење странски јазици

Редакција