еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во регионов најевтини се горивата во Црна Гора

Еуросупер 95 во Црна Гора е најевтин меѓу земјите од регионот, додека цената на Еуродизелот е меѓу најниските, покажуваат податоците на црногорското Министерството за капитални инвестиции, пренесува Мина.

Според податоците од новиот Билтен на Министерството за цените на нафтените деривати, литар Еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,45 евра.

Во Албанија може да се купи за 1,78 евра, 1,64 евра во Хрватска, 1,62 евра во Србија, 1,6 евра во Босна и Херцеговина и 1,55 евра во Македонија.

Најскап Еуросупер 95 во Европа плаќаат граѓаните на Данска, 2,22 евра, а најевтиниот е во Унгарија, 1,29 евра.

Кога станува збор за Еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,55 евра, исто како и во Македонија.

Во Албанија може да се купи за 1,9 евра, во Хрватска 1,86 евра, во Србија 1,83 евра и во БиХ 1,69 евра.

Граѓаните на Шведска за најскапиот Еуродизел во Европа плаќаат 2,37 евра, а на Малта за најевтиниот 1,21 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 139 случаи на Ковид-19 од 1.424 тестови

Редакција

Француската десничарка Марин ле Пен осудена за проневера на европски пари

Редакција

Нови 36 случаи на Ковид-19 од 3.569 тестирани, најмногу во Куманово 15, Скопје 7 и Тетово 6

Редакција