еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за Најдобра банка во Македонија

На годинешните 14-ти „Европски банкарски награди“ (Europe Banking Awards), што ги доделува реномираниот магазин EMEA Finance, НЛБ Банка Скопје ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија за 2021 година“, информираат од таму.

Ова е шеста година по ред во која НЛБ Банка, од страна на магазинот ЕМЕА Finance, е прогласена за најдобра банка во земјата.

Главните критериуми според кои се доделува оваа престижна наградата се: остварените финансиски резултати на банката, нејзината посветеност кон клиентите, воведувањето на иновации во работењето, особено во делот на дигитализацијата, поддршката што ја обезбедува за постигнување на одржлив развој и транзиција кон „зелена економија“, како и реализацијата на општествено одговорните проекти значајни за пошироката заедница.

„Среќни сме и особено горди што нашата Банка, шеста година по ред, ја добива наградата за најдобра банка. Тоа е големо признание и верификација на нашите континуирани напори за постигнување одлични резултати во сите сегменти од нашето работење и покрај отежнатите економски текови и пазарни услови присутни во текот на цела 2021 година.

Следејќи ги потребите на нашите клиенти и современите трендови во банкарството и во текот на 2021-ва продолживме да вложуваме во развојот на нашите производи и севкупниот квалитет на услугите, ставајќи посебен акцент на дигитализацијата, како и на обезбедување кредитна поддршка на проекти кои придонесуваат за севкупниот економски развој на земјата и истовремено ја штитат животната средина.

Со голем ентузијазам и посветеност продолживме да реализираме и бројни општествено одговорни проекти, за кои ја добивме и националната награда за најдобра општествено одговорна практика за 2021 година.

Како и претходните, така и најновата награда за најдобра банка во земјата, ни дава дополнителен ‘ветер во грб’ и мотив да продолжиме да вложуваме во развојот на нашата Банка, посветени на грижата за нашите клиенти, на проширување на понудата со иновативни производи и секако многу важно, во придонесот во заедницата во која делуваме“, велат во НЛБ Банка.

ЕМЕА Finance e реномиран магазин кој во финансискиот свет е познат како „независен глас на финансиската заедница, нејзините клиенти и партнери“ во регионите на Централана и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.

Инаку, покрај НЛБ Банка Скопје, и во Словенија NLB e добитник на престижната награда „Најдобра банка за 2021 година“ од ЕМЕА Finance.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тиквеш“ оствари добивка од 36 милиони денари за девет месеци

Редакција

Макпетрол лани со 150 нови вработувања и инвестиции од 301 милиони денари

Редакција

Даночниот експерт Павле Гацов: Од прогресивниот данок најголема добивка ќе има државата

Редакција