еМагазин
Image default
Македонија

(Следете во живо) Колони на Богородица, се чека до еден час, на Табановце до 45 минути

На граничниот премин Богородица од македонска страна за излез се чека од 40 до 60 минути, додека на Табановце од половина час до 45 минути.

Од АМСМ информираат дека возилата на ГП Богородица се пропуштаат во неколку колони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Каква е состојбата на граничните премини во живо следете ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

1.357 вработени службеници кои не работат, а земаат плата ќе бидат распоредени во 258 институции

Редакција

Дводневна АмЧам конференција за „Градење на сајбер-отпорни организации“

Редакција

(Фото) Со кој се сретна Лавров во Скопје?

Редакција