Во францускиот предлог многу јасно е наведено дека Македонија ќе преземе мерки за да обезбеди ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во земјава.
Притоа се бара постигнување одржливи резултати во спречувањето и одговорот против манифестациите на говор на омраза кон Бугарија и Бугарите во Македонија во медиумскиот простор, во онлајн и социјалните медиуми.
Но, кој да ги брои провокациите и омразата кои константно доаѓаат од бугарска страна, меѓу кои е и неодамнешното поставување на бугарски знамиња на македонски споменици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) „Еден народ сме“: Споменици во Кочани вандализирани со бугарски симболи
Што ќе се случи, доколку некој се осмели да постави македонско знаме на споменик во Бугарија?
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е редовен провокатор, и вчера, со статус на Фејсбук одбележа 126 години од раѓањето на Ванчо Михајлов.
„Со народот зад Деве Баир, ние (Бугарите) сме еден народ поделен со вештачка граница“, напиша тој на социјалните мрежи.
Фото: МИА