еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тридневна жалост во Македонска Каменица: Малолетник паднал од трактор по што бил прегазен и на лице место починал

Малолетник бил прегазен од трактор што излетал од локалниот пат во село Саса, по што починал, соопшти денеска МВР.

– На 26 август во 15:30 часот било пријавено дека на локален пат во село Саса, Македонска Каменица, С.Ѓ. (58) од Македонска Каменица изгубил контрола врз трактор “ИМТ“ со приколка што го управувал и излетал во река.

При тоа, Д.А. (52), кој се превезувал на тракторот скокнал од него и останал неповреден, но малолетно лице кое исто така се превезувало на тракторот, паднало и било прегазено од тракторот, по што починало.

И возачот на тракторот се здобил со повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден Општина Македонска Каменица ги откажа сите концертни настани од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ и прогласи тридневна жалост

– Дозволете во свое лично име и во име на Општина Македонска Каменица да изразам искрено и длабоко сочувство до семејството Стојковски кои загубија дете, брат, внуче.

Целиот град сочувствува со нивната болка и загуба за прерано згаснатиот живот. Со оглед на огромната загуба за целиот град, ве известувам дека манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ која беше закажана за период од 26 до 28 август, се откажува во целост, и Општина Македонска Каменица прогласува тридневна жалост, изјави вчера градоначалникот Димчо Атанасовски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристигна помош од Турција во гаснењето на пожарите

Редакција

Телефонски броеви од школите и градинките во Карпош на кои може да се јавите за потврда за отсуство од работа

Редакција

Кој е Лазо Велковски, за кој е побарано разрешување поради скандалот со службено возило

Редакција