еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонскиот стјуард Илија Каниковски е новиот амбасадор на „Виз ер“ во Македонија

„Виз ер“ денес најави 20 нови WIZZ амбасадори претставени од најдобрите членови на својот тим во 14 земји. Македонскиот стујард, Илија Каниковски е исто така дел од амбасадорскиот тим. Новата амбасадорска програма на „Виз ер“ ќе биде во целост остварен во текот на наредните две години, информираат од таму.

Во периодот помеѓу 2022 и 2024, новите претставници на авиокомпанијата ќе учествуваат и ќе бидат дел од настани и ќе ја поддржат екстензивната програма за регрутирање, како и многу други специјални проекти, онлајн и офлајн.

Каниковски се придружи на тимот на „Виз ер“ пред скоро три години и во моментот е на позицијата – сениор стујард во базата во Скопје, а неговиот придонес е да креира подобро искуство за сите WIZZ патници кои патуваат ширум Европа.

Илија има пасија за фотографија, мода и патување. Тој ја сака својата работа во облаците и ужива во истражување на светот и откривање нови култури.

Можете подобро да се запознаете со Илија и да го следите неговото патешествие до најинтересните дестинации во Европа преку следење на неговите Instagram и Facebook профили.

Програмата за амбасадори на Wizz Air 2022-2024 има цел да ја прикаже интересната можност за поседување на канцеларија во облаците и да ја сподели приказната на 20 талентирани и посветени членови на тимот на компанијата.

Тие беа избрани преку интернационален натпревар кој беше отворен за сите членови кои биле дел од тимот на Wizz Air барем една година, финално, амбасадорите беа избрани од базите во EAU, Австрија, Бугарија, Кипар, Грузија, Унгарија, Италија, Литванија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија, Обединето Кралство и Украина.

Поради тоа што ова е отворен процес, позицијата бренд амбасадор е отворена за сите членови на тимот, и сите стари или идни членови на WIZZ можат да станат амбасадори.

Амбасадорите ги претставуваат најдобрите членови на WIZZ тимот и ќе бидат дел од различни активности, им се нуди платформа каде што можат да ја споделуваат својата пасија за летање и да инспирираат други луѓе кои би сакале да имаат кариера како членови на тимот во WIZZ.

Во контекст на прерoдба на авио индустријата и поткрепа на целта на Wizz Air за станување на компанија со 500 авиони до 2030, а во прилог на стратегијата за константен раст, амбасадорите ќе го поддржат регрутирањето и ќе им покажат на други амбициозни членови на тимот дека пасијата и посветеноста се клуч за успешна приказна во авио индустријата.

Фото: Инстаграм/Каниковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Ќе се изгради ли нов скијачки центар „Царев врв“ на Осоговските планини

Редакција

(ВИДЕО) Илјадници муслимани во Бангладеш на молитва за светски мир

Редакција

(Фото) Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на отворањето на Деновите на Холандија во Ист Гејт Мол

Редакција