Поранешната презентерка и несудена конзулка, Бесмира Ејупи е топ тема на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила несудената конзулка Бесмира Ејупи
Бесмира Ејупи добивала хонорар и од Железници
Таа на јавноста и стана позната откако медиумите објавија дека добила хонорари од 12 илјади евра од четири општини и Државното правобранителство, а од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие „Железници – транспорт“.
Деновиве ВМРО-ДПМНЕ објави дека се вработила и во Министерството за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Презентерката и несудена конзулка, Бесмира Ејупи се вработила во МНР
Еве дел од твитовите:
Колкава е потрошувачката кошничка на дипломатката Бесмира?
— mkCoder (@mkCoder) September 5, 2022
Додека вие скапувате од работа за 300 евра плата, Бесмира Ејупи зема 12.000 евра од шест институции и еден Надзорен Одбор на јавно претпријатие‼️⚠️
— Рејмонд Редингтон (@Redington_M5) September 5, 2022
А да не е клонирана Бесмира Ејупи? Во десетина примероци?
🙄— Нервозната (@toopersonal_1) September 6, 2022
За Бесмира, Македонија е Швајцарија
— Патлак илити пиштол (@posleDIKnaPIK) September 6, 2022
Се оправа држава со 12000 евра?
За Бесмира Ејупи прашувам.
— Марко (@ortographia) September 5, 2022
Постои ли воопшто државна институција каде што Бесмира Ејупи не е член?!
— МИСТЕРИЈА (@CheGuev21277156) September 5, 2022
То се разбира од урбанизам, дипломатија, нуклеарни технологии, животна средина… То не е мит. Бесмира Ејупи е. Бисер македонски.
— XTRMacedonian (@XTRMacedonian) September 5, 2022