еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Августовските сметки на БЕГ се сторнирани, граѓаните ќе добијат нови

Граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни, сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови корегирани сметки за месец август, изјави попладнево претседателот на  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

– Оние кои веќе ги имаат платено августовските повисоки сметки, сумата ќе има биде намалена соодветно за повисоката уплатена сума во следните сметки. А во тек на месецов останатите ќе добијат нови коригирани сметки за месец август, рече Бислимоски.

БЕГ на крајот на август достави сметки за парно до скопјани кои беа повисоки за околу 40 проценти. Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија, како што образложи Бислимовски, е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бара отпочнување на преговори со Македонија: Словенија со со свој предлог за забрзување на проширувањето кон Западен Балкан

Редакција

Убава вест: Оздравени 474 болни од Ковид-19

Редакција

„Стелт“ варијантата на омикрон останува доминантна во Македонија

Редакција