еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 134 случаи на Ковид-19, тројца починати и 144 оздравени лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19.

Од нив во Скопје – 63, во Битола – 13, во Крива Паланка – 7, во Кавадарци – 6, Ресен и Крушево – по 5, во Прилеп и Гостивар – по 4, во Куманово, Струга, Берово и Кратово – по 3, во Велес, Штип, Кочани и Гевгелија – по 2, во Тетово, Охрид, Струмица, Кичево, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 33 реинфекции.

Регистрирани сe 144 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 8, Штип – 7, Прилеп и Куманово – по 6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар и Струмица – по 4, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино и Радовиш – по 3, Ресен, Гевгелија, Тетово, Охрид, Кичево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Куманово (65г). Лицето е починато во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74г) и Виница (76г). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08. – 31.08.2022 година.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Цементарница УСЈЕ“ ја купи „ИД Компани“

Редакција

„Минатата ноќ во Украина беше брутална, не прифаќам разговори во Минск кој е соучесник во војната,“ рече Зеленски

Редакција

„ИЦС-системи“ го доби тендерот за модернизација и одржување на јавното осветлување на општина Куманово вреден 4,6 милиони евра

Редакција