МВР соопшти дека вчера во 17,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Гази Баба, 16-годишник од селото Буковиќ, скопско, кој бил забележан од вработените и обезбедувањето на трговскиот центар дека извршил кривично дело „кражба“, при обид за бегство, како што е пријавено, скокнал од височина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.