еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Секојдневни случаи на семејно насилство: Битолчанка со закани од поранешниот сопруг дека ќе ја убие, додека шетала со малолетните деца

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста.

Осомничениот ја загрозил сигурноста на неговата поранешна сопруга, непочитувајќи го решението на Основен суд Битола со кое му била изречена забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство и да контактира со оштетената.

На 7 септември, во вечерните часови, додека оштетената се движела со своите малолетни деца, се приближил до неа и ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку одбие повторно да живеат заедно. Потоа ја попречувал да замине од местото каде ја пресретнал, ја турнал и од раката ѝ го оттргнал мобилниот телефон, со што кај оштетената предизвикал чувство на страв и вознемиреност.

-Бидејќи во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и фактот што осомничениот се јавува како сторител на исти и истородни кривични дела на семејно насилство каде жртва е неговата поранешна сопруга што го оправдува стравот дека доколку остане на слобода тој ќе го повтори делото, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување притвор за осомничениот, информираат од МВР.

Предлогот на обвинителството бил прифатен, па судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола со решение на осомничениот му определил притвор во траење од осум дена.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снежна бајка на Попова Шапка, Кожуф, во Маврово…

Редакција

Убава вест: 192 оздравени од Ковид-19

Редакција

Кичевецот е негативен на тестот за мајмунски сипаници

Редакција