Новиот британски крал Чарлс Трети го одржа својот прв говор по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.
Кралот Чарлс вети дека ќе му служи на народот на Обединетото Кралство со „лојалност, почит и љубов“ за време на неговото прво телевизиско обраќање до нацијата.
„Ви зборувам денеска со чувства на длабока болка. Во текот на нејзиниот живот, Нејзиното Височество Кралицата, мојата сакана мајка, беше инспирација и пример за мене и за целото мое семејство.
Ние ѝ го должиме најискрениот долг што секое семејство може да и го должи на својата мајка, за нејзината љубов, наклонетост, водство и пример.
Таа се жртвуваше на својата должност. Нејзината посветеност и лојалност како суверен никогаш не се поколебаа, во време на промени и напредок, во време на радост и славење и во време на тага и загуба.
Како и личната тага што ја чувствува целото мое семејство, ние исто така ја споделуваме тагата со многумина од вас во Обединетото кралство, во сите земји каде што кралицата беше шеф на државата, во Комонвелтот и ширум светот, длабоко чувство на благодарност за повеќе од 70 години кога мајка ми како кралица им служеше на луѓето од толку многу народи,“ рече Чарлс Трети.
Тој додаде дека „во нејзиниот живот на служба ја видовме таа трајна љубов кон традицијата заедно со таа бестрашна прегратка на напредокот што нè прави големи како нација.“
Чарлс Трети посвети дел од своето обраќање на другите високи членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и неговата сопруга и децата.
За Камила, сега кралицата Консорт, тој рече: „Знам дека таа ќе ги исполни барањата кои произлегуваат од нејзината нова улога, цврста посветеност на должноста, на која толку многу се потпирам“.
Зборувајќи за својот најстар син, принцот Вилијам, кој сега е војвода од Корнвол, принц од Велс и престолонаследник, кралот рече дека „ќе продолжи да инспирира“ заедно со неговата сопруга Кетрин.
Тој, исто така, ја изрази својата љубов кон војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган „додека тие продолжуваат да ги градат своите животи во странство“.
Фото/видео: Официјален профил на Фејсбук на кралското семејство