еМагазин
Image default
Бизнис

Во тек нова постапка за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“

По заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, подготвителните работи се очекува да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

При посетата на Боговиње, на новинарско прашање за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, Бочварски рече дека оваа заедно со неколку други автопатски делници е во приоритетите на Владата преку донесениот Закон со стратешкиот инвеститор „Бехтел и Енка“.

-Имаше распишано постапка за избор на консултантска куќа и надзорен орган, по што беше избрана и компанија која ќе ги врши консултантските услуги, но бидејќи не беше доставена банкарска гаранција, таа  постапка беше запрена и е распишана нова за избор на консултант и надзор што ќе ја следи градбата од самиот почеток до крајот на Коридрот 8 и Коридрот 10.

Се работи за делницата Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д. Ова останува приоритет.

Тука сме да ги решиме сите прашања што се јавуваат пред почнување со градбата за да сме сигурни дека кога ќе се почне со градба на автопатите ќе тече непречено и со добра динамика за да бидат завршени во предвидениот рок. Така што, автопатот Тетово-Гостивар, како и останатите делници е приоритет и по завршувањето на постапките ќе се влезе во реализација, реконструкција и проширување на целата оваа делница, рече Бочварски.

Тој најави дека кога ќе биде избран консултантот и надзорниот орган ќе пристапат кон преговарање со компанијата „Бехтел“ за што има и временски утврден рок.

-Сите подготвки очекуваме да ги направиме до крај на годината, потоа да се влезе и со постапките на проектирање и експропријација каде што е потребно, и во текот на наредната  година да видиме полн прогрес на работа на терен заради тоа што тоа се многу значајни патни правци за кои државата е подготвена да издвои средства како никогаш досега и да ги реши и  да ги затвори Коридорот 8 и  Коридорот 10, рече Бочварски.

Прашан за динамиката на изградбата на автопатот Скопје – Блаце и доцнењето поради проблеми со експропријација, посочи дека се работи на првата делница и оти се очекува наскоро да се распише тендерската постапка за втората  делница, која е покомплексна и поголема.

– Се работи на сите автопатски делниции, експресните патишта, како и на Скопје-Блаце, така и на делницата од Градско кон Дреново,  Дреново-Фариш, Плетвар,… наскоро почнуваме со железничката пруга кон Бугарија каде имаше застој.

Сите овие проекти се многу значајни во време на енергетска криза, па и претходно ковид криза, за да средствата како капитални инвестиции ги вбризгаме во економијата за да можат компаниите полесно и пофункционално да ја пребродат, изјави Бочварски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аутомакедонија лани со зголемена добивка

Редакција

Борче Илиоски и Христина Ружиновска предложени за членови на Надзорниот одбор на „Тиквеш“

Редакција

Нема промени: Актуелните правила за влез во Грција продолжени до 1 мај

Редакција