еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Путин не блефира за идните планови, вели Вучиќ

Во денешното интервју за американската ТВ мрежа „Њузмакс“, српскиот претседател Александар Вучиќ изрази очекување дека ќе надвладее мир во светот и дека ќе се постигне компромисно решение меѓу Русија и Украина и оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не блефира кога зборува за своите идни потези, јави дописиникот на МИА од Белград.

Вучиќ, кој беше во студиото на „Њузмакс“ со Ричард Гренел, поранешен специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека Србија мора да види како да ги диверзифицира своите извори на енергија.

-Гледаме како да го диверзифицираме нашето снабдување со енергенти. Градиме интерконектори на границите со Бугарија и Македонија. Вие баравте, г-дине Гренел, да разбереме колку економските врски се важни во нашиот регион. Реконструкција на инфраструктурната мрежа. Гледаме дека трговската размена меѓу Србија и САД денес е поголема од кога било, дури 1,2 милијарди, рече Вучиќ.

Новинарот на „Њузмакс“ оцени дека Западот е загрижен по обраќањето и изјавата на Путин за можното искористување на сите воени капацитети и го праша Вучиќ, кој неколкупати се има сретнато со рускиот лидер, дали мисли дека рускиот претседател блефира.

-Се надеваме дека мирот ќе победи и дека сите ќе направат се за да се постигне компромис. Тоа е подобро отколку да чекаме нечиј пораз. Се сретнав со Путин неколку пати и не верувам дека блефира. Тоа е се што можам да кажам, кажа Вучиќ на прашањето за најавата на рускиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин не блефира за идните планови, вели Вучиќ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 445 случаи со Ковид-19 од 2.441 тестирања, во Скопје дури 249

Редакција

Нема простор за никаква паника, има доволно нафта и нафтени деривати, вели Бектеши

Редакција

(ВИДЕО) Триесетина партии се обединија за позитивен исход на референдумот

Редакција