еМагазин
Image default
Македонија

Укината делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од 12 септември годинава, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја издаде согласноста за укинување на делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште, која стапи на сила од 24 јуни годинава, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.

За спроведување на горенаведената согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд в среда ќе ја разгледа иницијативата за Законот за амнестија

Редакција

Здравствените власти ќе постапуваат по укажувањето на Пановски дека антибиотиците се употребуваат неконтролирано

Редакција

Јанкулоска дојде на судењето за набавката на луксузниот мерцедес

Редакција