На покана од Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа присуствувавме на свечениот прием што го организираше во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук-профил
„Стратешкото партнерство со САД за нас како држава е од исклучително значење за исполнување на клучните цели и приоритети.
Рамо до рамо со САД стоиме цврсто зад нашите цели за зајакнување на демократските процеси, и унапредување на економскиот и социјалниот развој на нашата држава,“ пишува Ковачевски.
Фото: Фејсбук/Ковачевски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.