Вечерва, со почеток во 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија започнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Фестивалот е во организација на дискографската куќа „ПМГЏез“.
На првата интернационална фестивалска вечер настапуваат извонредни музичари од регионот, Спејс Трио (Space Trio) од Бугарија и најреномираниот српски џез состав, Ејот (Eyot).
Дејан Илијиќ е светски познат пијанист и фронтмен на водечкиот српски џез состав „Ејот“, кои романтично и еклектично комбинираат џез со локални и светски етно мотиви. Ејот се најзафатениот српски џез ансамбл, според бројот и фреквентноста на настапите ширум светските џез арени.
„За Скопје не врзуваат многу нешта, а првенствено фактот дека нашиот прв албум „Horizon“ го снимивме во вашиот град, во студиото „F.A.M.E.S“ во 2009-та година. Конечно ќе имаме извонредна можност да го претставиме нашиот материјал пред скопската публика.
Покрај музичките настапи со Ејот, имам и динамична концертна соло кариера. Досега, имам издадено 6 албуми, најмногу за соло клавир, а пишувам музика и за филм и театар.
Минатата година, запишав специјализација на Беркли, отсек филмска музика и оркестрации за филм и тв. Само пред еден месец, од Беркли добив „Berklee Celebrity Scholarship“, врз база на мојата досегашна работа. Се доделуваат вкупно 16 стипендии, а за мојот отсек 2.
Ова е огромен поттик и потврда дека сум на добар пат. Моментално работам на музиката на Ејот, аранжирана за симфониски оркестар и се надевам дека публиката ќе има можност да ја слушне во блиска иднина“, вели Илијиќ.
Промотивна објава