еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Започна Пастрамајлијадата во Штип: На евроамбасадорот Гир му се бендиса штипската пастрамајлија долга два метри со десет килограми месо

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов и евроамбасадорот Дејвид Гир ја отворија 14. Штипска пастрмајлијада, после две години пауза.

-Прекрасно е чувството да се биде на оваа манифестација после две години. Очекуваме рекордна посетеност затоа што нудиме највкусна пастрмајлија и добра забава. Очекувам оваа вечер да се срушат рекорди во конзумирање на пастрмајлија и нормално Штип да биде епицентарот на Македонија, рече Јорданов.

Евроамбасадорот Гир изрази, како што кажа, огромно задоволство што е вечерва во Штип на пастрмајлијадата.

-Градоначалникот ми кажа дека патрмајлијата е најдобра во земјата и решив да дојдам и да ја пробам и сигурен сум дека ќе биде прекрасна. Ова е една преубава македонска традиција. Мислам дека ние од ЕУ можеме да научиме нешто од неа, дури може да имаме и пастрмајлијада во ЕУ и да научиме нешто од Штип, рече евроамбасадорот.

Тој, како што кажа, пробал пастрмајлија летото, ама, вели, тоа било погрешно време да се проба.

Најголемата патрмајлија на годинашнава манифестација е со димензии два метри на метар и десет сантиметри. За неа се употребени десет килограми свинско месо и петнаесет килограми тесто, како и два литри масло. Печена е во едно парче.

Годинашново издание на Штипската пастрмајлијада се одржува кај крстосницата „Дујле“.

Организаторите и спонзорите имаат подготвено богата програма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Цетински, Јелена Розга, ДНК, Џамбо Агушеви ќе настапат на штипската Пастрамајлијада која се одржува вечерва и утре

По две години пауза, ќе се одржи штипската „Пастрамалијада”

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет лица починаа од Ковид-19 во Тетово, најмладиот имал 49 години

Редакција

Затвореници во Идризово за да спречат претрес, го предизвикале пожарот

Редакција

Секој медиум слободно ја одредува својата уредувачка политика, за ставот на Ахмети побарајте одговор од него, вели Ковачевски

Редакција