еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Нашиот модел Викторија Ристовска, во најновиот број на модното списание Ел-Србија

Во најновиот број на модното списание ЕЛ-Србија во моден едиторијал се појавува нашиот модел Викторија Ристовска.

Препознатлива по специфичната портокалова коса и авангардниот изглед таа беше побарана од уредникот на списанието токму за овој урбан едиторијал. Токму пред две недели беше во Белград (Србија) каде покрај ангажманот за ова престижно списание настапи и на модната недела.

Ристовска иако подлго време работи како модел последнава година се чини дека е нејзина, бидејќи беше ангажирана за многу македонски дизајнери во нивните нови колекции (Мите Занов, Димитар Бабков, Јована Филиповиќ, Христијан Младеновски).

Нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент во соработка со Фокс Моделс од Белград во моментов работат на нејзината интернационална кариера за подобар пласман на светската модна сцена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот директор на УЈП, Горан Трајковски влегува во Одборот на директори на Витаминка

Редакција

Информацијата за укинување на организациските директори на клиниките доставена до Владата

Редакција

Ретроспектива на филмски остварувања на „Петра Пан продукција“ во Кинотеката во Скопје

Редакција