еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Нашиот модел Мухамед Енуз настапи на шоу пред катедралата Дуомо во Милано, на 70-годишнината од светскиот бренд Монклер

Нашиот модел Мухамед Енуз синоќа настапи на спектакуларнтото шоу пред катедралата Дуомо во Милано по повод 70 годишнината на светскиот бренд Монклер.

Со повеќе од 200 модели, танчери и уметници плоштадот пред Дуомо делуваше магично и нестварно.

За Мухамед ова беше втор значаен проект во моделингот откако замина за Милано пред еден месец каде воедно работеше и на кампањата за модното списание MM SCENE за брендот Balmain Hair Couture.

Неговата интернационална кариера започна ова лето откако неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент во соработка со агенцијата Фокс Моделс од Белград решија да го пласираат во Милано.

Карактеристичен и урбан Енуз направи одличен пробив на модната сцена носејќи ги со себе вродениот шарм и моќта за трансформација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Српските власти го откажаа Европрајд, во Белград се маршираше за „спас на децата и семејството“

Редакција

210 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Редакција

Пакомак нуди на свој трошок да ги празни сите контејнери за селективен отпад од пакување на територијата на Град Скопје

Редакција