еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Милошоски тврди дека Ковачевски за 7 дена во Њујорк потрошил 20 илјади долари, а се сретнал само со министер на Азербејџан

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски тврди дека премиерот Димитар Ковачевски за седум дена во Њујорк потрошил 20 илјади долари, а се сретнал само со министерот за надворешни работи на Азербејџан

„Како премиер да предводиш делегација во Обединетите Нации, каде во исто време престојуваат над 130 државници од целиот свет, и за 7 дена да оствариш само една официјална билатерална средба (со МНР на Азербејџан), е голем дипломатски неуспех.

Така заврши скапо платената шанса што ја имаше премиерот Ковачевски како шеф на делегацијата на 77-то Генерално собрание во ОН во Њујорк, со патување и ноќевање кое чини најмалку 20.000 долари за владината екипа.

Исходот, трошокот и престојот на Ковачевски во Њујорк повеќе наликуваат на државно-платен фамилијарен туризам, наместо на државнички престој исполнет со многу корисни средби со странски премиери и претседатели. За жал.

Споредено со Ковачевски, хрватскиот премиер Пленковиќ не престојувал 7, туку 4 дена во Њујорк, но не остварил една, туку 5 билатерални средби на највисоко ниво: со премиерот на Канада, со претседателот на Словенија, премиерот на Норвешка, со државниот секретар на САД, како и со Претседателот на Советот на ЕУ.

Тоа е големата разлика. Хрватскиот премиер со помала делегација, помалку денови престој во Њујорк и повеќе официјални средби, додека премиерот Ковачевски обратно, гломазна делегација, долг престој во Њујорк, и само една официјална билатерална средба. Резиме: Македонија не виде корист од оваа посета на Њујорк, но битно Ковачевски го виде Њујорк“, пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Премиерот Ковачевски и сопругата Елена на прием кај градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

(Фото) Ковачевски со сопругата Елена се сретнаа со истакнати нашинци во Македонскиот културен центар во Њујорк

Енергетиката во фокус на разговорите на Ковачевски и министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарите наместо правда, за крвавиот четврток добија само прашање од судиите, „што сме барале на 27 април во Собранието“, вели Мрѓа

Редакција

Една година од референдумот за промена на името: Еден куп афери, а државата се уште на крстопат

Редакција

На 30. јули ќе започне судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Редакција