еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Го заклучил во стан: 71-годишен битолчанец извршил полов напад врз осумгодишно дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ОЈО, осомничениот 71-годишник на 25 септември годинава, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот.

-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни се дојавите за бомби во скопските училишта, велат од МВР

Редакција

Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19

Редакција

Тројца новозаболени со Ковид-19 во Кавадарци, четворица во Неготино

Редакција