еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Државниот врв не разгледувал враќање на задолжителниот воен рок, ниту таква можност е отворена за во иднина

Македонија има професионална Армија, согласно потребите на земјата. Стратешка одлука која ќе продолжи да се применува и во иднина, исполнувајќи ги обврските како полноправна членка на НАТО, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Тој во одговорот на прашањето на МИА, да го изнесе неговиот став во врска со вчерашната изјава на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој предложи враќање на задолжително служење на воениот рок, одговори дека државниот врв не ја разгледувал можноста за враќање на задолжително служење во Армијата, ниту во изминатиот период, ниту пак таква можност е отворена за во иднина.

– Укинувањето на обврската за задолжително служење на воен рок од 2006 година и целосната професионализација на Армијата е одлука што е донесена како дел од процесот на трансформација на Армијата, согласно анализите и проценките на ресурси и потреби на земјата, во целосна координација и консултации со НАТО, истакна шефот на државата и врховен командант на Вооружените сили.

Началникот на ГШ, генерал-потполковник Ѓурчиновски вчера во дебатниот магазин „Клик плус“ порача дека земјата би добила многу со враќање на служењето на војска. Тој смета дека служењето воен рок од три месеци би ги подготвило младите идни кадри.

– Би добиле оспособување на кадрите за какви било можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси. Би ги подготвило за сите овие пред малку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација, едно старешинство, помлад, постар, вештини кои сите вие повозрасните генерации сте ги стекнале додека служевте воен рок, рече вчера Ѓурчиновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Министерството за одбрана досега не се разгледувала никаква можност за задолжителен воен рок

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И во Македонија можна препорака за трета доза вакцина против Ковид-19

Редакција

Москва за изјавата на Бајден дека Путин е „воен злосторник“: „Неприфатлива и непростлива реторика“

Редакција

ЕСМ нема да склучи договор со „Скопје Север“ ако нема исплата на стариот долг

Редакција