еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Министерството за одбрана досега не се разгледувала никаква можност за задолжителен воен рок

Армијата на Македонија е целосно професионална Армија и досега нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок, информираа денеска од Министерството за одбрана.

Одлуката за професионална војска, наведуваат од МО, ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата.

– Министерството за одбрана е институција во која секој професионалец има право, можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат.

Ако постои интерес во јавноста, Министерството е отворено да дискутира за секое прашање, вклучително и ова, се вели во соопштението од МО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Државниот врв не разгледувал враќање на задолжителниот воен рок, ниту таква можност е отворена за во иднина

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарските власти тврдат дека имало обид за атентат на главниот бугарски обвинител

Редакција

Почина поранешната министерка Илинка Митрева

Петре Димитров

Љубчо Георгиевски до бугарската јавност: Во Заев имате прагматичен политичар

Редакција