еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, наредните денови ниски утрински температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми

Редакција

Врнежите ќе престанат до вечер, од утре сончево со мала облачност

Редакција

(Фото) Американската амбасадорка Кејт Брнз го посети Кокино

Редакција