еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Врнежите ќе престанат до вечер, од утре сончево со мала облачност

Врнежите од дожд во попладневните и вечерните часови ќе престануваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала доумерена облачност. Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните од 13 до 21 степени.

Во Скопје утринска температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пораст на дневната температура, а утринската од понеделник наместа ќе се спушта под нулата, информираат од УХМР.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во речиси 130 земји, меѓу кои е и Македонија не стигнала ни една вакцина против Ковид-19

Редакција

Потврдени 17 нови случаи на заболени од корона вирусот, вкупната бројка е 1.740

Редакција

Повик за отпочнување на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ од групата на седум индустриски најразвиени држави во светот, Г-7

Редакција