еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР апелира граѓаните да се воздржат од патување во Иран

Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Македонија да се воздржат од патување во Исламската Република Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран.

Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и доколку немаат суштинска причина, да ја напуштат земјата.

За дополнителни информации, сите наши граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од државата, да ги следат само официјалните канали на Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и на Амбасадата на Македонија во Софија, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Иран.

Воедно, нашите државјани може да се обратат и на дежурниот телефонски број на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и следната и-мејл адреса: [email protected]

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Иран и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турска компанија го доби тендерот на Железницата за набавка на дрезини вреден два милиони евра

Редакција

Тендер „тежок“ 940.000 евра: МЕПСО купува патнички и товарни возила од три компании

Редакција

Кираца Трајковска прва го поврзала грабнувањето на Вања со исчезнувањето на Панче

Редакција