еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

По 3.000 и 1.500 денари, 4 месеци ќе добиваат ранливи категории граѓани и пензионерите со ниски пензии

По 3.000 денари месечно во наредните четири месеци, или вкупно 12.000 денари, ќе примаат 42.000 граѓани од ранливи категории, предвидува пакетот антикризни мерки за справување со кризата кои денеска на прес-конференција ги соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

-Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26-годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на гарантирана минимална плата и невработени лица. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра, рече Ковачевски.

Директна финансиска поддршка ќе има и за пензионерите приматели на најниски пензии: над 91.600 пензионери кои примаат до 11.525 пензија ќе бидат помогнати со по 1.500 денари месечно односно вкупно 6.000 денари за четири месеци.

-Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525 до 14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра, рече Ковачевски соопштувајќи ги сетот нови мерки за справување со економската и енергетска криза, усвоени денеска на 88-та седница на Владата.

Дел од сетот мерки што беа соопштени треба да поминат во процедура во Собрание зашто за нив се потребни законски измени, а дел, согласно Уредбата за кризна состојба ќе може да се операционализираат со одлука на Владата или на одделни министетства.

– Од идниот месец пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени, соопшти Ковачевски.

И Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши очекуваат дека сите пратеници ќе ги усвојат измените што ќе овозможат помош за пензиоенрите и за ранливите категории граѓани, но и реализирање на сите останати мерки за справување со енергетската и ценовната криза.

-Очекувам и верувам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што значат помош за пензиоенрите и ранливите категории граѓани, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека е усвоен нов пакет мерки тежок преку 350 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов пакет мерки вреден над 350 милиони евра за справување со кризата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Штип, Скопје и Кавадарци со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Патникот од Дубаи кој беше хоспитализиран на Инфективна клиника нема корона вирус

Редакција

(Галерија) Пченка, подароци и прошетка низ Скопје за Вучиќ и Рама од Заев и Шилегов

Редакција